Имунитетот на Ковид-19 трае најмалку 8 месеци

Имунитетот на човечкото тело кон новиот коронавирус обично трае најмалку осум месеци по инфекцијата, објави „Вашингтон пост“.

Според студија објавена во списанието „Сајанс“ околу 90 проценти од пациентите кои учествувале во студијата имале долготраен и стабилен имунитет.

Новата студија во „Сајанс“ сведочи дека луѓето развиваат подолготрајна отпорност на вирусот по инфекцијата во повеќето случаи.

Анализата на примероци од крв од речиси 200 пациенти покажа дека повеќе елементи на имунолошкиот систем, не само антитела, продолжуваат ефикасно да го препознаваат вирусот и да реагираат на инфекција.

Човечкото тело се чини дека се сеќава на напаѓачот и е во состојба да реагира на секоја средба со напаѓачот во координирано дејство на антитела и Т-клетки, се наведува во анализата.