Импичмент за Трамп

За две обвиненија, дека  ја злоупотребил својата моќ и дека го попречувал Конгресот,, Претставничкиот дом гласаше за отвоирање постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп.

Со тоа тој стана 3 американски претседател за кој било побарано импичмент.

Речиси сите демократи, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом,  гласаа за обвиненијата, а сите републиканци гласаа против.

Сега, Трамп го чека судење во Сенатот, кој ќе одлучи дали претседателот ќе остане на функцијата, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи бидејќи републиканците на Трамп го контролираат Сенатот.

Белата куќа објави соопштение во кое се вели дека претседателот е „уверен дека ќе биде целосно ослободен“ на судењето во Сенатот.


Во историјата ан САД само два пати била покрената постапка за отповикување на претседателот но ниту „обвинетите“ Ендру Џонсон ниту пак Бил Клинтон, не беа осудени од Сенатот.