Името на индиска политичарка го изнасмеа Балканот!

Индиската политичарка и активистка Џеби Матер (Jebi Mater), ни крив ни виновна, стана шега во регионот.

Таа во моментов е член на парламентот во Раџија Саба, горниот дом на индискиот парламент што ја претставува државата Керала.

Нема сомнеж дека оваа жена е интелигентна и храбра, сепак нејзиното „звучно“ име предизвика смеа и шеги на некои корисници на социјалните мрежи во регионов.