Многу веројатно овие денови сите сме во прашалници како побрзо да излеземе од оваа криза, што понатаму, како да се справуваме со оваа новонастаната ситуација?
И без да бидеме прашани дали сакаме или не, излезени од нашата комфор зона наоѓаме сопствен начин да се справиме со кризната ситуација. Оваа пандемија сите ќе нѐ натера да си го покажеме своето вистинско лице.
Кога ќе го остраниме тенкиот слој на љубезноста, културното однесување, општествените пристисоци и норми, тогаш почнуваат да се надзираат нашите пориви, мотивации, приоритети и тогаш конечно излегуваат на површина нашите вистински релации со сите луѓе околу нас.
Одеднаш неочекувано, веќе немаме трпение да толерираме сѐ и сешто, реагираме помалку дипломатски, нашите инстикти си го завземаат своето вистинско место.
Најголем дел од нашето секојдневно однесување и навики зависат од одредени ситуации. Нашиот мозок развива стратегии за постигнување на своите цели на одредени места, и со одредени луѓе најчесто по пат на повторување на обидите и успесите, но и грешките кои сме ги направиле.
Врз база на нашите претходни искуства, кои јасно ни покажуваат кои стратегии добро делуваат а кои не, нашиот мозок се фокусира на оние со кои сме успеале да ја постигнеме целта, кои на крајот се основата на нашето несвесно и автоматизирано однесување. Кога повторно ќе се појави специфична ситуација за која веќе имаме стекнатно одредено исксутво, овие навики и однесувања се повторуваат.
Едно од нив е на пример нашето секојдевно одење на работа, редовни рутински состаноци со нашите колеги, средба со родителите на нашиот партнер, итн.. Секоја од овие ситуации, а скоро и секоја втора во нашиот живот има своја несвесна стрaтегија на однeсување.
И тоа е добро. Нашиот мозок не може да си дозволи да конфигурира поинакво однесување за секоја интеракција и секоја ситуација секој ден. За тоа би било потребно премногу енергија. Би ги исцрпело сите резерви на мозокот на дневна база и би резултирало со континуирани грешки, затегнати односи и многу проблеми во комуникацијата.
Токму поради тоа нашиот мозок брзо учи и развива навики за да може ефикасно да управува со енергијата и успешно да се справи со комплексноста на животот.
Овој начин на реагирање драстично се менува кога сме во криза. Нашиот мозок ги нема вообичаените стимулации кои ги покренуваат научените навики и затоа итно мора да осмисли други тактики. Овие тактики може да бидат претходно научени емоции и однесувања од претходни кризни ситуации, ново формирани одговори врз база на нови информации или скриени пориви кои имаат сѐ помалку причини да бидат скриени.
Справувајќи се со ново настаната ситуација на криза, нашата внатрешност ќе се бори со сите тие опции како би можело да ја пронајде вистинската комбинација за да може да напредува и опстане.
За да можете да ги детектирате елементите на оваа борба во вашата внатрешност, пробајте да си одговорите на следните прашања. Не ги одговарајте брзо без размислување. Подобро би било да имате на ум дека во следните недели на кризни моменти, одговорите може да се менуваат, затоа пробајте да ги набљудувате своите постапки, но и на оние кои се околу вас.
• Од што се плашиш најмногу овие денови?
• Што е тоа што најмногу го посакуваш?
• Што те нервира секојдневно?
• Што те смирува?
• Како се однеуваш кон другите непознати луѓе во продавница, колеги на работа, твојата фамилија?
• Како тие се однесуваат кон тебе?
• На кои луѓе можеш да се потпреш овие денови?
• Што те исцрпува ментално и физички?
• Што ти причинува задоволство?
• Што те движи напред кога ќе се разбудиш?
• Каква е твојата надеж за иднината?
Твоите одговори можат да се менуваат со време, и во зависност од тоа како се одвива ситуацијата и тоа е знак дека твојот мозок се прилагодува на промени во твоето опкружување.
Оваа пандемија ќе нѐ тестира кои всушност вистински сме ние. Обично тоа се случува во период на огромна неизвесност.
Навистина е тажно ако се надеваме дека спасот ќе дојде од некоја апстрактна сила која ќе нѐ спаси од нашите сопствени несреќи. Тоа не постои. А да бараме надеж во нешто што не постои може само да ни наштети.
Тоа значи дека големите лидери, големи пријатели и големи луѓе ќе заблескаат во оваа криза. Ќе им помагаат на другите изложувајќи се во опасност како би биле од корист, луѓето ќе им веруваат, ќе бидат активни, креативни и достапни. Нивниот приоритет ќе бидат нивните одговорности, а не нивната корист.
Има и такви кои ќе се кријат, ќе обвинуваат, дури и ќе напаѓаат. Ќе ги исмејуваат другите луѓе и ќе се однесуваат крајно егоистично. Ќе ги саботираат решенијата, или просто ќе избегнуваат било каков напор за подобрување. Некои нема да ги почитуваат препораките за заштита и емоционално ќе експлодираат. Тие луѓе ќе пробаат да ги заштитат само своите лични интереси пред сѐ останато.
Нашиот еволуиран општествен морал се заснива на податокот дека тие луѓе се препознаени и општествено казнети поради своето себично однесување. Системот на општествената казна или награда можеби не функционира секогаш совршено, ама е многу јак мотиватор и пресуден аспект кога се формира општествено колективно сеќавање.
Поради тоа, онака како што се однесуваш сега ќе остане во сеќавање (твое и на другите) долго после кризата. Поради тоа фокусирај се твоите збориви и дела да имаат тежина. Љубовта и грижата за најблиските и подрршката кон другите ќе бидат забележани и наградени.
Мора да се научиме да живееме и во тишина. Премногу информации и дезинформации го уморуваат мозокот и неговите реакции стануваат погрешни. Информациите кои ги добиваме од социјалните мрежи и он лајн вестите се бескрајни и зависни.
Додека сме во стрес и пробуваме да разбереме што се случува околу нас и што треба да направиме, сѐ повеќе сме подложни на манупулации. Подготвени сме да прифатиме екстремни идеи и екстремни луѓе доколку ни даваат утеха. Нашите морални антени мора да бидат исправени и нашето критичко мислење да биде секогаш вклучено.
Секако дека треба да ги следиме информациите, но никако да ги земаме здраво за готово само затоа што тоа ќе ни помогне да се чувствуваме на одреден начин, полесно. Да користиме повеќе извори на информации, да слушнеме мислења кои се различни од нашите вклучувајќи и разумни, отворени дискусии е еден од емпатичните начини кои ќе ни помогнат да одиме напред.
Уште неколку совети:
1. Присутност – Бидете присустни за луѓето околу вас. Да се биде вистински присутен за нив значи и физички и ментално и емотивно. Фокусирајте се на нив кога зборуваат и слушајте ги активно. Почустувувајте што тие чувстуваат и одговорите им искрено и со сочуство.
2. Рутина – Ова се однесува на оние кои работат од дома но и на оние кои и понатаму одат на работа, ним им се потребни нови навики во времето кое им преостанува. Помогнете си себе си во развивање на нови рутини. Дајте си неколку денови, а потоа во зависност од повеќе ситуации и опкружувања, започнете со својата програма на активности. Воспоставете нови рутини, дури и во опуштени ситуации тоа е многу значајно. Посебно кога тие се во служба на вистинските внатрешни потреби, а не вештачко креирани желби и потреби.
3. Забава – Хуморот и креативноста се два јаки фактори кои ментално рехабилитираат и општествено поврзуваат. Пронајдете начин да уживате, да се смеете и креативно да си играте со својот мозок, тоа ќе направи чудо, зајакнувајќи ја вашата отпорност кон промени.
4. Трагедија- Ова е во спротивност со претходното, но и не е. Еден од фундаменталните квалитети на животот на луѓето е парадоксот, работи кои делуваат спротивно, но истовремено се вистинити. Трагедијата ни дава посебно значење, ни помага да се фокусираме и направиме сопствени приоритети. Исто така длабоко не поврзува со луѓето и со природата. Вечниот циклус на раѓањето и смртта, неговата неминовност, и потешкотиите кои во меѓувреме ги поминуваме, да веруваме едни во други и да се грижиме за сѐ она што го сакаме. Нашиот мозок подобро работи во тешки времиња отколку кога е сѐ мирно и нормално.
Нашето современо и сѐ повеќе дигитално време допринесе да ја заборавиме суштината на трагедијата дури и да се плашиме од истата. А токму таа ни овозможува всушност да видиме какви сме, подлабоко да покопаме во ралациите со луѓето и посилно да се поврзуваме со другите.
Нашиот мозок ги има сите алатки за да се справи со кризата на најдобар можен начин: емпатија, поддршка, љубов, морал, одлучно делување, општествена казна за себичните, лидерство и отпорност. Кај секој од нас е одговорот на прашањето дали ќе му овозможиме на нашиот мозок да делува на таков начин или ќе го предизвикаме да одговори со беда, агресија и поделба?
Да се надеваме дека вистинската мотивацијата во секој од нас ќе го направи вистинскиот избор!
Пишува:
Д-р Мирјана Пехчевска Поп-Илиев, експерт за личен и организациски развој, професионален коуч, кариерен советник