Со оглед на тоа кој се стана обвинител и судија и како тие работат апсолутно немаме право да се чудиме што синот на Талат Џафери дошол во можност да стане адвокат, судија или обвинител уште додека бил на факултет.

Ова е коментарот на охридскиот адвокат и екс обвинител Војо Димоски кој смета дека со оглед на знаењето и честа на актуелните фактори во правосудството не треба да се чудиме на скандалот со синот на Команандант Форина.


,,Со оглед на степенот на стручност и интегритет кај судиите и обвинителите, не сметам дека е голем скандал што дилберот положил правосуден испит без да има диплома по право”, анализира Димоски.