Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој пре три дена побара помош од „сите можни ресурси“
за преговарачкиот процес со ЕУ зашто „ние ги немаме многу“ а сегашната админстрација немала капацитет – се премисли.

Сега вели дека администрацијата сепак ќе била подготвена да одговори на барањата кога ќе почнат преговорите со Европската унија и дека во соработка со другите институции се бара начин како да се привлече кадар и од јавниот сектор и надвор од него за да се вклучат во процесот, објави „Сител“.

Манчевски инаку најави дека дел од административците треба да поминат во приватниот сектор, кон крајот на годинава и дека за тоа ќе бидат консултирани и синдикатите кои се противат на ова.

Според експертите, за да се подобри состојбата во администрацијата треба да се промени начинот на вработување.