Акцијата за спасување на батискафот „Титан“ влегува во најдраматичните часови: Петте лица на исчезнатата мини подморница имаат кислородот само до денеска на пладне според најоптимистичките проценки на спасувачите.

Потрагата се одвива на околу 640 километри јужно од Св. Џон, Њуфаундленд, но веќе зафаќа површина двојно поголема од државата Конектикат и достигнува длабочина од 4.000 m.

Потрагата по толкава длабочина и таков периметар во исклучително тешки услови е многу тешко.

Вчера се појави знак на надеж, откако беа регистрирани ритмички звуци – на секој половина час – под вода, но за жал утрово се уште не се знае нивното потекло, ниту пак има трага од „Титан“.

На бродот има пет души – тројца туристи, сопственик на компанијата OceanGate која организира екстремни патувања – Стоктон Раш и капетанот Пол-Анри Наржул кој е Французин.

Туристите се британски државјани – милијардерот Хамиш Хардинг (прв од лево кон десно) и еден од најбогатите Пакистанци Шахзада Давуд (втор од лево кон десно), кој е на бродот со неговиот 19-годишен син Сулејман.

Последните информации на Си-Ен-Ен се дека „Титан“ требало да се врати на површината за 24 часа.

Ова го вели Арон Њуман, кој го испитал батискафот во 2021 година. Уредот се стабилизира под вода со помош на тег кој автоматски се ослободува по 24 часа, за да може да се издигне на површината.

„Батискафот со кој управува компанијата „ОушнГејт експедиции“ во недела наутро околу 8 часот го започнува двочасовното спуштање до остатоците од „Титаник“. Еден час и 45 минути подоцна „Титан“ губи контакт со матичниот брод „Полар принц“.

Потрагата започна подоцна во неделата – предоцна содносно осум часа по изгубениот контакт. Се уште не е познато што се случило со батискафот, зошто изгубил контакт и колку бил блиску до Титаник кога исчезнал.

„На бродот е пекол, ако луѓето се живи. Тие веројатно имаат ограничени количини на вода и храна. Местото е многу тесно, од пет луѓе само еден може да ги истегне нозете. Температурите се негативни. Но, најстрашното – кислородот се намалува, а јаглерод диоксидот се зголемува. Уредот го започнува своето патување со 96-часовни резерви на кислород, но нивното исцрпување во голема мера зависи од голем број околности – колку луѓето се активни во батискафот, дали нивното дишење е брзо итн.

„Постојат само десет подморници во светот кои можат да одат до длабочина од 3.600 метри или повеќе. Сите тие се сертифицирани…

Само батискафот на OceanGate не е“, изјави Вил Коен од здружението за морска технологија за Си-Ен-Ен.

Пред 5 години оваа организација го критикуваше „експерименталниот“ пристап на „Титан“ и плановите за екскурзии на „Титаник“.

Имаше проблеми и на претходните „екскурзии“, кои чинат од 250.000 долари и повеќе и вклучуваат потпишување изјава дека лицето е свесно за ризикот од фатален развој на патувањето и смрт.