Има разлика, премиеру, огромна

Американскиот потпретседател Мајк Пенс при средбата со премиерот Заев во ниту еден момент не рекол дека, „Македонија го добива заслуженото место во евроатлантските структури“, како што гласеше официјалното соопштение на кабинетот на премиерот, туку „како што напредува кон членство во НАТО и ЕУ“, што е огромна разлика, забележува аналитичарот Арсим Зеколи.

„Ја изразувам својата лична поддршка за Македонија како што напредува кон членство во НАТО и ЕУ“, гласи цитатот од официјалниот стенограм на Белата куќа за реченото при средбата со Заев.