Актуелен градоначалник и кандидат за градски татко на општина Ѓорче Петров за прв пат во животот на својот фејсбук профил објави дека молзел крава.

На една недела пред првиот круг на локалните избори, градоначалникот од СДСМ Александар Наумовски не само што молзел крава туку и веднаш пиел од млекото без да го свари што е вообичаена процедура за термичка обработка на млеко.

Зошто Наумовски мисли дека молзење крава и пиење свежо млеко ќе му донесе гласови не е јасно.

За употребата на крава во изборната трка засега молчат од Анима Мунди.

Линкот до молзењето

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10224390487203594&id=1047931379