Само околу 40 балкански рисови сé уште живеат на планините на Албанија и соседна Македонија
Од 2006 година активирана е регионална иницијатива насочена кон спречување на исчезнување на рисот.
Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора се дел од програмата за проширување на заштитните зони за ова животно кое е загрозено, а целта е да се подигне свеста, особено меѓу младите, да прекине уништување на шумите и да се спречи ловот. Тоа е предизвик, но има знаци на надеж.
„Доказите и документирањето на присуството како и за репродукцијата на рисот, дава надеж за опстанок на видот“, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво.
Балканскиот рис „е најзагрозениот рис во светот“, додава тој.
Популацијата на рисови во моментов е концентрирана во Албанија и во Македонија.
Меловски вели дека „во моментов се смета за малку веројатно“ дека балкански рис има во Црна Гора и Грција.
Во 1970 –те години, во регионот имало околу 280 единки на балкански рис, велат експертите.
Во 90-те на минатиот век во Албанија се случи неконтролираното уништување на шумите со штобеше уништен и природниот животен простор на балканскиот рис.