Има ли некој писмен во тимот за вакцинација на Заев и Филипче (ФОТО)

Покрај техничките грешки кои не дозволуваат граѓаните да се пријават лесно на владиниот сајт за искажување интерес, при регистрација за вакцинација има и јазични и граматички грешки кои не смеат да се случат.

Така на пример, местата каде што граѓаните можат да се вакцинираат наместо со зборот ПУНКТ се означени со зборот ПУНК што не означува ништо во македонскиот јазик.

Во време кога власта вербално не уверува дека прави се што може за заштита на македонскиот јазик практично се покажува дека државата не вложува ниру минимален напор барем во државните проекти да се почитуваат основните правилата на јазикот кој е под опасен напад од дел од соседите.