Според информациите објавени на владиниот портал министерот за здравство министерот за здравство од редовите на Алијанса за Албанците Фатмир Меџити е долгогодишен доктор и специјалист по неврологија, со големо искуство во водење тимови во јавните здравствени сектори, како и искуство со анализа и елаборирање на проекти и теми поврзани со професионалните аспекти во терциерното
здравство.
На владиниот портал не пишува кога тој почнал да студира но според годината кога завршил излегува дека тој е или генијалец кој за три години завршил медицински факултет или воопшто не студирал туку си ,,купил” диплома.
Во официјалната биографија на Меџити пишува дека тој во 1999 година станува доктор по медицина на Медицинскиот факултет при
Универзитетот во Сараево што значи дека ако за лекар се студира 6 години таму се запишал во 1993 година додека овој град беше под опсада и во него не можеше никој ниту да влезе ниту да излезе.
Посебен проблем за Меџити е што за време на војната до 1995 година таму не се примале студенти од странство ниту пак имало редовна настава на медицинскиот факултет.
Како успеал Меџити да се запише на факултет во 93 година во Сараево кога таму секојдневно губеа десетици луѓе во бомбардирања и снајперски оган е енигма за која министерот треба да даде објаснување.
Што друго од неговата приложена биографија е спорно ако се знае дека има сериозна ,,дупка” во начинот на кој го ,,завршил” медицинскиот факултет.
Во остатокот од неговата биографија пишува дека специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во
Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во периодот од 2011 година до 2015
година.
Во меѓувреме, од 2000 година до 2007 година, почнува да работи како лекар по општа
медицина, во Општата болница “Ферид Мурад” во Гостивар, додека следните три години
бил лекар и управител во приватната здравствена установа „Д-р Фатмир“ во Гостивар.
Од 2011 година до 2015 година, напредува и работи како лекар по општа медицина во
Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за Неврологија во Скопје. Во текот
на 2017 година, бил и советник на министерот за здравство.
Од 2015 година досега бил ангажиран и работи како специјалист-невролог на Одделот за
главоболка и болни синдроми во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за Неврологија во Скопје, Република Македонија.
Тој е член на Лекарската комора на Македонија, како и на Македонско лекарско
друштво. Членува и во Македонското невролошко здружение и во Европската академија
за неврологија.
Во периодот 2017 и 2018 година, бил член и претседател на Управниот одбор на Фондот
за здравствено осигурување на Македонија.
Ко-автор е на повеќе научни трудови од областа на медицината, а учествувал на повеќе семинари, обуки и меѓународни симпозиуми со фокус на теми од областа на медицината.
Зборува македонски, албански, хрватски и англиски јазик.