И покрај енергетската криза и можноста зимава да останеме без греење компанија од Смолари, Ново Село, со дозвола од власта, годинава извршила извоз на огревно дрво, не информираа од Царинската управа, без да го откријат називот на компанијата.

Министерството за земјоделство кое го води Љупчо Николовски минатиот месец одобрило извоз на техничко дрво-црн бор десетина дена пред Владата да воведе забрана за извоз на огревно и необработено дрво и пелети поради енергетската криза, пишува последниот број на неделникот Фокус. Но, новите податоци што во меѓувреме ги добиле од неделникот покажуваат дека во еден наврат годинава е извршен извоз и на огревно дрво во Словенија од страна на фирма од Смолари, Ново Село, чиј назив не се открива.

Откако Министерството за земјоделство првично упатило да се бараат информации за извозот на трупци, огревно дрво и други видови дрва од Царинската управа, како сопственик на ЕХИМ-системот преку кој се издаваат одобренијата за извоз, од оваа институција побарани се податоци кои правни субјекти биле извозници на огревно дрво за време на тековната 2022 година и колкави количини биле извезени преку секој од нив.

Меѓутоа, Царината го одбило барањетонна Фокус испратено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со објаснување дека по спроведениот тест за штетност утврдиле дека „бараната информација не претставува информација од јавен карактер, ниту, пак, со нејзиното необјавување би се загрозил јавниот интерес“.

„Се утврди дека бараната информација е информација чие давање би значело повреда на заштита на даночната постапка. Согласно Законот за даночна постапка, службените лица се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка…“, стои во решението на Царината.

Подоцна Царината под притисок од второстепена комисија попушта и делумно одговара на барањето на Фокус но се уште ја крие фирмата која добила дозвола за извоз.

Повеќе на овој ЛИНК