Активистот на Шарената револуција и основач на партијата Твоја Виктор Стевиќ кој е многу активен на социјалната мрежа Х (порано Твитер) ќе се откаже од твитер дебата за Македонија ако Оливер Спасовски стане претседател на Македонија.
,,Оливер Спасовски ќе се кандидирал за Претседател.
Ако го изгласате, јас се исклучувам од твитер и повеќе нема да зборувам на Македонски никогаш во живот (РЛ).
Било што да ме праша било кој, ќе одговарам на Англиски, Бугарски или Српски
Мртов сериозен!”, пишува Стевиќ.
Во јавноста подолго време се зборува дека кандидат за претседател на државата поддржан од СДСМ и ДУИ ќе биде Оливер Спасовски кој поради рејтингот на неговата партија има минимални шанси да дојде до таа функција.
Оливер Спасовски ќе се кандидирал за Претседател.
Ако го изгласате, јас се исклучувам од твитер и повеќе нема да зборувам на Македонски никогаш во живот (РЛ).
Било што да ме праша било кој, ќе одговарам на Англиски, Бугарски или Српски
Мртов сериозен!— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) September 12, 2023
Стевиќ пред три години ги шокираше своите соборци со кои се бореше за менување на името и потпишување на договорите со Грција и Бугарија со откажување од своите грешки.
Либистот за промена на името и компромис со Бугарија тогаш крикна на Твитер: “Извинете граѓани на Република Македонија”.
Стевич излезе со извинување за своите гревови и поддршка за СДСМ и Заев а извинувањето беше упатено кон граѓаните.
Човекот што некритички гледаше на јасните обиди за промена на македонскиот идентитет тогаш призна дека направил огромна грешка што не верувал во патриотизам и национализам туку на други трендови и појави.
Во продолжение неговата стара емотивна но аргументирана исповест кој ги изненади сите на социјалните мрежи затоа што важеше за силен поддржувач на СДСМ и Зоран Заев.
Старото интегрално извинување на Виктор Стевич:
Извинете сите предци и сите што живеат и сите што ќе се родат во Македонија.
Извинете што пропагирав за промена на името и верував во подобар живот за вас, тоа беше грешка огромна на сите нас.
Моите лични верувања немаат врска со тоа што ќе го напишам каде згрешивме и што треба да направиме. Либерално општество, слободно движење…тоа си се мои работи и мои лични верувања, ова го пишувам за тоа што треба Македонија да направи.
Јас сум сѐуште истиот: верувам во западна демократија, верувам во човекови права и слободи, верувам дека ЕУ и НАТО се добри за Македонија, но ако се тргнат сите мои верувања, ако се тргнат емоции и се разгледаат фактите и се размислува како Вулканец ќе го кажам следново:
Моите идеи за модерна држава, хајтек, без национализми, слободно општество, марихуана, ЛГБТ, без историја, држава базирана на општествен договор за иднината, а не за минатото, за нас не работи, односно ќе работи но за 50-70 години.
Во последните неколку месеца размислував каде грешиме 30 години, кој е најголемиот проблем на нас како нација. Под нас подразбирам сите што живеат во Македонија: Македонци, Албанци, Срби, Бугари, Власи, Роми – други ако има, веројатно има.
После прочитани милион книги, после читање за историја и долго размислување дојдов до следниов заклучок: Ние згрешивме во почетокот. Секоја нова држава се гради на национализам и патриотизам, не може да ја изградиш како ние што ја изградивме.
ГРЕШКИТЕ
За да имаш здрава држава има период од 50-70 год кога треба да се создаде здраво национално ткиво, да поминат 3 генерации што си ја сакаат државата, што би гинеле за неа, тоа се прави со едукација на децата и задојување со патриотизам уште од најмала возраст.
Тој период не може да го прерипаш, ако го прескокнеш ќе имаш вукојебина, ние го скокнавме, се правевме поголеми демократи од Американците и поголеми католици од Папата и сега имаме вукојебина со лидери кловнови.
Немавме катедра за национална стратегија, каде МАНУ и катедрата ќе направеа долгорочна стратегија за патриотизам во првите 50 години, додека се создаде здравото патриотско ткиво, а тоа очајно треба на нова држава.
Духовните лидери, живи ги нема, црквата ни е за подсмев, им ги бројат мерцедесите и глисерите. Пола нација преку ноќ станаа атеисти, одеднаж сите се по науката, епа така другари не се гради држава, тоа може после првите 50 години, не кога е во зародиш.
Ни влегоа 100-ци Невладини организации кои се ништо друго освен легални агенти на странски структури. Ти влагаат, те разоруваат, те раздвојуваат и те владеат. После тоа ти налагаат што да правиш, ти прават договори и ти само како вол потпишуваш.
А влагаат затоа што немавме национална стратегија за правење држава, нашите “дипломати” и политичари гледаа што можат да украдат и кој тендер да го наместат, како и они да не веруваа и веруваат во Македонија.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ
1. Формирање на катедра за национално единство составена од интелектуалци кои со МАНУ ќе изготват долгорочна 50 годишна програма за патриотизам на кои сите политички партии треба да се потпишат и медиумите.
2. Враќање кон корените, мора да се вратиме 3 чекора назад пред да одиме 10 напред. Враќање на традиционалните вредности на сите што живеат во Македонија, задојување на децата со патриотизам, сите деца (Македонци, Албанци, Срби…)
3. Креирање митови и легенди. Гоце влегол во Турска кафана само со кама и истепал 12 Турци. Даме Груев му удрил шамар на кадијата, Карев му учукал глава на бегот…тие легенди и митови се здрави за нација во зародиш.
4. Духовните лидери да имаат поголема застапеност, а не да се расправаат со мерцедеси, пола нација атеисти стана поради нив. Ќе имаме атеисти кога ќе му дојде времето, кога ќе имаме држава, а не сега!
5. После 2-3 години агитирање од партиите и медиумите нов ОБВРЗУВАЧКИ референдум каде што ќе си го вратиме името со 90% излезеност и 85% треба да бидат за враќање на името и одма поништување на Преспа.
6. Откога ќе го вратиме името, протерување на сите НГО од државата, нека го спасуваат рисот во Албанија и нека ги подржуваат ЛГБТ во Албанија, ние ќе ги подржиме ЛГБТ кога ќе ни дојде времето, кога ќе имаме држава, не сега, сега други работи се побитни.
7. Ќе има луѓе како мене, што ќе негодуваат, протестираат, шарени револуции, атеисти….со нив малку поостро, пола во притвор, пола со закана, ќе ги репресираш малку, нека протестираат после 50 години за човекови права, кога ќе имаме држава.
8. Е сега кога веќе се е решено и имаме здраво национално ткиво и имаме конзенсус од сите партии и поминале 30 години и имаме нови генерации на задоени патриоти, тогаш со 90% подршка за политичарите ќе преговараме со кој сака: Бугари, Грци, Срби , Германци…
Знам дека ќе кажете: не оди така!
Не е точно!
Баш така оди!
Ама ќе не избркаат од НАТО!
Никој од никаде нема да не избрка
Може да се закануваат дека ќе не избркаат, но кога имаш единство кај народот и народот ти е како во Унгарија, кој сака нека дојде да се заканува.
Нашиот проблем е поделеностa и нормално е во сите преговори странците да не гледаат послабата страна, ние сме слабаците во преговорите, а не другите држави. Како и да е, мора да поминат 50-ина год и што побрзо го направиме ова тоа подобро иначе ќе имаме ВКЈБН и во 2120-та.
Најчитани вести
Шокантно тврдење за сега двајца од најмоќните луѓе во Македонија и трагичниот крај на новинарот