Им ја скратија химната, па сами пееја за Делчев, Гули, Груев, Сандански (ВИДЕО)

Македонските ракометни кадети се нови миленици на нацијата не само поради освоениот ЕХФ-шампионат во Летонија, туку и со односот кон државната химна, која продолжија да ја пејат и по нејзиното кратење од организаторот по финалето.

Среде зачестените прескокнувања од македонски пејачи на строфата за револуционерите Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ со жар ја испеаја токму неа пред еуфорично да го прослават успехот во Рига.