Повеќе од една и пол година од повлекувањето на САД од Авганистан, во новиот извештај на администрацијата на Бајден стои дека одлуките донесени од поранешниот претседател Доналд Трамп допринеле за неуспех.
„Последната администрација се обврза не само да ги повлече сите американски војници, туку и да ослободи илјадници борци од затвор, како и распоред што го наследи администрацијата на Бајден. Претседателот направи се што можеше да се направи“, вели демократот Дејвид Сицилин.
Но, републиканците велат дека сепак на крајот одговорноста е на претседателот Џо Бајден. Претставникот Крис Смит изјави за Гласот на Америка дека е фрустриран од недостатокот на одговорност.
„Не можам да поверувам дека администрацијата на Трамп не ги исполнила обврските. Тој имаше ставено услов кога и дали нашите војници ќе го напуштат Авганистан, и тоа е клучот, тоа е основата на сето тоа, дека има условеност. Бајден немаше услови, однапред најави дека сака фото операција како таа на 11 септември“, вели републиканецот Крис Смит.
Видеото и целиот текст погледнете ги на линкот.