„Слободата на говорот е камен-темелник на функционална демократија“, кажа мултимилијардерот Илон Маск откако вчера постигна договорза купување на „Твитер“ за 44 милијарди долари.
„Последното нешто што ни треба е ‘Твитер’ свесно да замижува пред насилен и злоставувачки говор против корисниците“, објави „Амнести интернешнал“.
Многумина корисници го поставија прашањето дали сега ќе се дозволи враќање на суспендираните профили, како оној на Доналд Трамп. Бившиот претседател на САД кажа дека не планира да се враќа на Твитер, зашто сега има своја сопствена платформа Truth Social.
„Се надевам дека и најгласните критичари ќе останат на Твитер зашто тоа е смислата на слободата на говорот“, кажа Маск.
