Илковски: Случајот Камчев стана глобален пример за политичка елиминација

Страната https://arbitrarydetention.org/ е организација за заштита на човековите права и слободи, ги детектира таквите случаи низ целиот свет и им дава особена политичка, меѓународна тежина кај земјите каде правото е крајно нарушено, исполитизирано и криминогено, пишува новинарот Јанко Илковски на порталот Јади Бурек за случајот Камчев

“Како што можете да видите од неколкуте принт скринови таму се најде и бизнисменот Орце Камчев со детално објаснување како и зошто е држен во притвор без било каква првна основа. Оваа организација има особена тежина и влијание кај севкупниот меѓународен фактор.

Нека не ве чуди дека судот на јавност и правдата ќе дојде по своето, таа може да биде бавна, но сепак ќе се случи. Најверојатно е дека и субјектите кои придонесуваат за ова ќе бидат изложени не само на меѓунардна изолација туку и ќе се бара нивна одговорност наа нарушувања на човековите права и слободи.

Ароганција на моменталните правно и стручно дегенерирани спроведувачи на “шеријат” кои кога-тогаш ќе бидат ставени и пред меѓународен суд, а случајот најверојатно само ќе добива на тежина како меѓународен скандал. Овој камен кога почна да се тркала, само ќе забрзува, ќе биде голем срам за сите нас. Слепилото на сегашните послушници нема да биде олеснувачко – “бев под принуда, присила, морав” и слични оправданија слабо поминуваа и кај Нирбершкиот процес.

Може слободно да се шпекулира и претпостави дека сево ова што му го прават на Камчев во смисла на игнорирање на неговите права, меѓународниот фактор, меѓународното право е со една цел – негова физичка елиминација, буквална елиминација со намерно загрозување на неговото здравје и директно и индиректно преку неовозможување да добие здравствена заштита од неговите матични лекари туку само кај фингирани прегледи кои подоцна треба да бидат оправдување за трагедијата која ја туркаат да се случи, дека наводно направиле се

Основно човеково право насекаде, па и во оваа земја, е дека секој човек има право сам да бира каде ќе се лечи, без оглед дали е во затвор, притвор и слично. на Камчев тоа не му е дозволено!”, пишува Илковски.

Линк до целиот текст