Дури 20.000 приговори но и прашања добила Владата за само еден ден од граѓани кои не добиле или не знаат каде да ги подигнат и како да ги користат платежни картички.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска истакна дека има проблем во постапката на делење на платежните картички за граѓаните со ниски примања, средношколците и студентите.

„Оваа е обемен проект кој за првпат се реализира во нашата земја на најтранспарентен начин. Сите недостатоци ќе бидат поправени. Во овој процес беа вклучени повеќе институции, кои требаше да достават податоци за лицата кои треба да добијат ваква платежна картичка, односно Министерствата за образование и труд и социјална политика, како и Управата за јавни приходи“, рече министерката Ангеловска.

Платежни картички за купување домашни производи ќе добијат околу 324.500 граѓани, а процесот започна од вчера преку банките.

Од денеска ќе се делат ваучерите за годишен одмор за вработени кои имаат месечни приходи до 14.500 денари и кои треба да добијхат ваучери од 6.000 денари за одмор и платежни картички од 3.000 денари за угостителски објекти.