Носејќи знамиња со срп и чекан на поранешниот Советски Сојуз, илјадници луѓе протестираа во Мадрид во неделата против самитот на НАТО што оваа недела ќе се одржи во главниот град на Шпанија, јавува Гласот на Америка.

Во услови на засилени безбедносни мерки, лидерите на земјите-членки ќе се сретнат во Мадрид на 29-30 јуни, бидејќи организацијата се соочува со невиден предизвик од руската инвазија на Украина.

Демонстрантите порачаа дека зголемувањето на финансиите за војската, што НАТО го бара од европските партнери, го гледаат како закана за мирот.

– Решението што тие го предлагаат е повеќе оружје и повеќе војни, а ние секогаш плаќаме за тоа. Значи, не за НАТО и за воените бази. Американците нека си заминат и да не остават на мир, без војни и оружје, изјави демонстрантката Конча Хојој.

Друг, 29 годишен демонстрант вели дека НАТО не е решение за крај на војната во Украина.

– Според организаторите на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.