Вчера, стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Барселона барајќи независност на Каталонија од шпанската централна влада, објави Дојче веле.

На 11 септември, Каталонците го слават Дијадата Националниот ден на Каталонија.

Секоја година, сепаратистичката ANC(Каталонско национално собрание) организира протести за независност на овој шпански регион на што остро се спротвставуваат властите од Мадрид.

Според податоците на ANC, 400.000 луѓе се приклучија на поворката по улиците на Барселона.

Пред пандемијата COVID-19, и повеќе од 1 милион луѓе учествуваа во годишните демонстрации за независност.

Во јуни, шпанската влада ги помилува осудените каталонски лидери кои беа прогласени за виновни за организирање на нелегален референдум за независност на Каталонија во 2017 година.

Официјален Мадрид верува дека овој потег ќе ги намали тензиите предизвикани од судирите меѓу регионалните лидери и централната влада.