Десетици илјади демомнстранти побараа апсење на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро на протест во Сао Паоло, во знак на протест против упадот во Конгресот.

Болсонаро (67) не го призна поразот на тензичните избори и замина на Флорида во САД пред да ја предаде функцијата на 1 јануари.

Во голем број градови и населени места на Бразил вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло бил импресивен, јави „Би-Би-Си“.

Многумина дојдоа облечени во црвено – бојата на Работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите“ и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „Затвор за Болсонаро“, а собирот се одржа под силно полициско присуство.

Околу 1.500 луѓе беа приведени во нередите во неделата во главниот град на Бразил, седум дена откако претседателот Лула да Силва положи заклетва по поделените избори во октомври.

Болсонаро (67) не го призна поразот на тензичните избори и замина во САД пред да ја предаде функцијата на 1 јануари.

Симпоматично, тој вчера беше примен во болница во Флорида поради болки во стомакот.

„Ова беше очигледен напад врз демократскиот процес, што секако го осудуваме“, рече потпретседателката на САД, Камала Харис, на инаугурацијата на новата американска амбасадорка во Бразил.

Престојот на Болсонарот во САД им е трн в око на некои демократи.

„САД не треба да бидат прибежиште за овој авторитарен човек, одговорен за тероризмот во Бразил“, изјави демократскиот конгресмен Хоакин Кастро. „Тој треба да биде вратен во Бразил.“

Барање за екстрадиција на Болсонаро сè уште нема, вели советникот за национална безбедност Џејк Саливен. Експертката за меѓународна политика Кимберли Дозиер за Си-Ен-Ен оцени дека малку веројатно Болсонаро да биде депортиран.

Претседателска виза за САД истекува на крајот на овој месец.