Илија Димовски, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека министерот за здравство Венко Филипче не поднел никаква оставка, бидејќи , како што вели, тој би ја поднел до Собранието, а не до премиерот Зоран Заев. Димовски на својот фејсбук коментира дека тоа било само маркетиншки трик и поигрување со јавноста.
„ Воопшто немаше оставка… Да беше оставка, ќе се поднесеше до органот кој го избрал, а тоа е Собрание на Република Македонија.
-Да беше оставка, за неа не одлучува никој, туку Собранието ја констатира на првата наредна седница… (читајте Устав).Да беше по Устав и право, ама не е…Да беше по морал и етика, ама не е…“ напиша Димовски.
Тој оценува што ќе значи ако премиерот Зоран Заев ја прифати и отфрли оставката на Филипче.
„Ако Зоран Заев ја прифати оставката ќе ја згази СДСМ… Ако Зоран Заев не ја прифати оставката, ќе се згази себе“, напиша Димовски.