Телевизискиот водител Богдан Илиевски јавно му се обрати на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по тешката провокација на Попова Шапка, каде што припадници на навивачката група „Балисти“ од јарболот во дворот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ го симнаа знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепсископија и на негово место го кренаа албанското.
„Тргнато црковното знаме во дворот на црквата на Шапка, поставено албанското. Едно опшесфо. Влегле во двор на црква, го симнале знамето.
Спасовски, ако не преземеш нешто моментално, може да се случи нешто монументално“, реагира на Фејсбук еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.