Илиевски: Слободата е единствена правда за неправедно осудените (ВИДЕО)

Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која во пролетта 2017 година организира протести од 70-тина дена против Тиранската платформа и за нови избори, на четиригодишнината од 27 април одново побара слобода за уставобранителите.

„Слободата е единствена правда за неправедно осудените“, порача Илиевски во присуство на „соборецот“ Борис Дамовски.