„Вашиот омилен инфлуенсер потрошил 22.435 денари за 24 часа, на 16 април, за фејсбук реклами, за да ве убедува дека е многу јак, спремен, паметен, вреден и успешен.

366 евра за еден ден“, објавува на социјалните мрежи Богдан Илиевски.

„Парите со кои некои луѓе минуваат цел месец ги троши во еден ден. На фејсбук реклами. За да ви каже дека е толку добар што сите тоа го гледаат и го знаат.

2.452 евра за една недела.9 855 евра за еден месец. 23.162 евра за три месеци. Имајте на ум кога купувате макарони поефтини за 4 денари.

Патем, платата му е/беше 1500 евра. Сега со 78% покачување, можеби ќе почне и по 500 евра на ден да троши.

Има се, може се.*податоците се од Мета/Фејсбук, објави Богдан Илиевски на Фејсбук.