Илиевски: МНР требаше многу порано да го осуди бугарскиот националшовинизам, а не да гувее ко млада невеста со две червени в рака

Телевизискиот водител Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит жестоко реагира за осудата од Министерството за надворешни работи за навивањето на македонските фанови на натпреварот со Бугарија од фудбалската Лига на нациите во Скопје.

„МНР требаше мнооооогу порано да ги осудува сите националшовинистички изјави кои доаѓале од државни институции и политички првенци од Бугарија во кои се велело: дека не постоиме, дека нè измислил Тито, дека јазикот ни е бугарски дијалект, дека македонизмот бил туморот во Европа, дека македонизмот бил културен тероризам, дека бил војна против бугарската култура, нè нарекуваа Северномакедонци, нè нарекуваа измислица на Коминтерната, славеа карти на санстефанска Бугарија, се закануваа дека со тенковски полк можеле да дојдат.

Тогаш требаше да реагира МНР, а не да молчи и гувее ко млада невеста со две червени в рака. Не само што не реагираше, туку МНР ПОТПИША документ во кој стои дека 24 мај е ден на бугарското писмо, ЕЈ! МНР! Истото МНР кое сега повторно, по кој знае кој пат, им го зема со две раце петелот на соседиве и не дозволува ни капка да падне на земја.

И од давајгази не може да се очекува друго. Скапаници смрдени“, бурно реагира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која ги предводеше протестите во Македонија пред пет години.