Илиевски: Ако македонскиот и бугарскиот се исти јазици, зошто бараат да се изучува кај нас нивниот?

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, ја коментира реакцијата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за најавата од премиерот Зоран Заев за враќање на српскиот јазик во образованието во Македонија, но како изборен предмет.

„Уште еднаш да прашам – ако македонскиот и бугарскиот се исти јазици, зошто бараат комшииве да се изучува кај нас нивниот?“, прашува Илиевски.

„Па, нели ни е ист јазикот, бе, црни Ковачев?“, му се обраќа тој на европратеникот на ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој за тамошната новинска агенција Фокус прокоментира: „„Ако Зоран Заев го замени зборот ‘српски’ со ‘бугарски’ за учење во училиштата, ќе има земјотрес, иако за ниту еден друг јазик нема да има проблем“.