Илчев: Петков греши дека со Македонија треба да се почне одново

Бугарскиот премиер Кирил Петков направи грешка кога рече „Почнуваме одново во преговорите со Република с.Македонија“. Секој премиер во последните 15 години велеше дека почнуваме одново, а тешко е да се почне одново, оцени во гостувањњее на о бТВ д-р Иван Илчев, член на мешовитата бугарско-македонска комисија и поранешен ректор на софискиот универзитет.

Петков утре доаѓа во Македонија, придружуван од министерката за надворешни работи Генчовска, министерот за транспорт Сабев и потпретседателот на Народното собрание Вигенин.

Според историчарот, има притисок и влијание околу Македонија од страна на САД, но зборовите на овој или оној сенатор не се важни, „бидејќи не ги интересира нашето минато, ниту пак знаат нешто за тоа“.

Илчев го коментираше и терминот „Бугари со македонска самосвест“ и потсети дека во Бугарија ниту еден народ не е впишан во Уставот.

Според неговите зборови, со овој термин „ќе ја отвориме вратата за притисок“.