Заменикот министер за одбрана од ДУИ Башким Хасани бара вицепремиерот Артан Груби веднаш да замине од сите функции во владата и партијата.
Хасани кој е од крилото на Изет Меџити познато како ,,Огнена група”, бара Груби
,,Артан Ик, замини веднаш!
Да почнеме да размислуваме како членови, симпатизери, основачи, функционери и поранешни војници кои толку многу дадоа на слободата и ДУИ.
Убеден сум дека скоро сите го мислат истото, духовно ја поддржуваат иницијативата, но од различни причини не сакаат јавно да ја кажат.
Нашата искрена иницијатива има само една цел, да ја спасиме нашата ДУИ од човекот кој за своја цел не бира форми за да ја подели партијата.
Со синдромот „раздели па владеј“ ја гушиш партијата и ја пренасочуваш нашата мисија и политичко патување.
Да не задоцниме ни минута. Силно обединете се и кренете го гласот и кажете: Артан Ик оди си! Да го сакаше Али Ахмет колку што сите го сакаме, гледајќи што се случува во партијата, ќе си заминеше пред една минута. Партијата се расцепува и тој по секоја цена си ја брани фотелјата, не избирајќи форма да пропагира (портали Сот и Индекс) за наводна иницијатива против претседателот Али Ахмети.
Почитувани членови на партијата, сите имаме обврска да ја заштитиме ДУИ и едногласно да кажеме: Артан Ик, замини веднаш”, пишува Хасани според кого Груби ја расцепува партијата.