Студентите на Правен факултет најверојатно нема да учат англиски јазик, а информацијата ја објави универзитетскиот професор Тони Дескоски.
„Денес доживеав непријатно изненадување. Деканот на Правниот факултет ни соопшти на Наставно-научниот совет дека во новата Студиска програма на Правните студии најверојатно ќе отпадне предметот Англиски јазик (не не збирало со предметите).
Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана (трите во првите 500 на Шангајска листа), задолжително има странски јазик (правна терминологија)“, напиша Дескоски на Фејсбук.
Тој се надева оти оваа грешка ќе биде исправена.
„Искрено се надевам дека нашиот Факултет нема да продолжи со оваа глупост и дека Англиски јазик (и англиска правна терминологија) ќе си остане во студиската програма“, вели Дескоски.