Идниот петок Џафери ќе ги распише локалните избори

На 6. август претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги распише локалните избори што, според договорот на партиите, треба да се одржат на 17 октомври.

Со ова се обезбедуваат законските обврски за обезбедување на термин со кој градоначалниците нема да го надминат законски утврдениот мандат од 4 години, кажа Џафери.