Идната недела средба Пендаровски – Макрон во Париз?

Претседателот на државата вчера откри дека се прават напори за средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш после последниот бриселски самит на ЕУ, да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надмине таа крајно непријатна ситуација“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Според дипломатски извори, средба може да има веќе идната недела во Париз, но се уште се работи на деталите од агендата, дознава „360 степени“.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека засега нема официјална потврда.