Холандскиот премиер Марк Руте остро ги осуди протестите против новите мерките воведени поради ковид-пандемијата, при што дојде до судир со полицијата.

Тој ги нарече демонстрантите „идиоти“ кои користат насилство „под превезот на општо незадоволство“.


„Како премиер и како либерал, секогаш ќе го бранам правото на демонстрации во оваа земја, бидејќи тие се дел од нашата демократија, нашето владеење на правото. Но, она што никогаш нема да се идиотите кои под изговорот ‘незадоволни сме’ користат насилство врз луѓе кои прават се’ за безбедност на оваа земја“, рече Руте.

Според него, сцените од холандските улици, за време на мерките воведени за спречување на Ковид, не се ништо друго освен чисто насилство.

Во Холандија повторно беше воведено делумен „локдаун“ поради влошената епидемиолошка состојба, што предизвика нов бран демонстрации на улиците, но и судири со полицијата.

Само во Хаг беа уапсени десетици демонстранти, додека за време на тие судири беа повредени неколку полицајци.