Потврдена е смртта на аргентинскиот фудбалер кој исчезна на 22 јануар по авионскта несреќа над Ламанш.

Телото на Емилијано Села е  пронајдено во остатоците на авионот кој се урна во морето  и идентификувано откако е извлечено од остатоците на авионот што беа пронајдени пред неколку дена.

Сала (28) патуваше од Нант во Кардиф набргу откако беше завршен неговиот трансферот вреден 17 милиони евра.

Авионот беше лоциран на дното на Ламанш на длабочина од 67 метри, на 33 километри од најблискиот брег.

Телото беше забележано во остатоците од авионот во понеделникот, а властите беа во можност да го извлечат два дена подоцна, и покрај лошите временски услови.

Операцијата била спроведена “колку што е можно достоинствено”, а машките семејства беа постојано ажурирани.

Кардиф Сити, издаде соопштение со сочуство до семејството на фудбалерот.