Реџепи уште во 2005 укажа на политичко-територијалната автономија на Албанците, која е основа за „Асоцијацијата на албански општини“

Генералниот секретар на партијата Алтернатива Зеќирија Ибрахими изјави за ТВ 21 дека ставот за Асоцијацијата на албанските општини е негов личен и оти не е на органите на партијата.

ТВ 21 пишува: „За поддршката од страна на претседателот на ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на албански општините мој личен, не на органите на партијата. Но, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партијата. Но, да бидеме прецизни: немало некој состанок во партијата за овој став за Асоцијацијата на албански општини. Тоа е мој политички став, поттикнат од ноите политички и интелектуални убедувања.“ – рече Ибрахими. ТВ 21 се обиде да добие став и од портпаролот на Алтернатива дали го поддржуваат Ибрахими, или се дистанцираат од неговата идеја, но тој беше недостапен.

Инаку, Зеќирија Ибрахими на 27 април 2017 година, тогаш како пратеник на Беса, ја отпеа албанската национална химна во македонскиот Парламент. Образложувајќи зошто ја испеал албанската химна од говорницата на македонскиот Парламент, веќе на 28 април 2017 година Зеќирија Ибрахими изјави за албанските медиуми дека „химната на Македонија не ги претставува Албанците од Македонија“.

Од друга страна, историчарот Зеќирија Реџепи во својата монографија со наслов „Општествено-политичките случувања во Македонија  1990-2001“ од 2005 година укажува на спротивставувањата на албанскиот политички чинител на самиот концепт за Македонија како национална држава на македонскиот народ и одржаниот референдум за политичко-територијална автономија на Албанците од 1991 година. А токму оваа политичко-територијална автономија е основата на „Асоцијацијата на албански општини“, која ја бара сега албанскиот политички чинител, наспроти  „демантирањата“ и „самодемантирањата“ дека не се бара такво нешто.

Во преговорот на својата монографија Реџепи има напишано: „Во текот на распадот на Југославија Македонија се обидуваше да се осамостои како суверена држава. Но, македонскиот политички чинител не сакаше да го дели суверенитетот на државата со албанскиот народ, кој со векови живеел на своите етнички територии. Македонскиот политички чинител се обиде да му го наметне концептот на македонската национална држава на албанскиот народ, кој живеел во Македонија. Ова настојување наиде на постојано спротивставување на албанскиот политички чинител, што малку по малку доведе до контролирани кризи, кои во 2001 година прераснаа во отворен оружен конфликт. Референдумот од 8 септември и усвојувањето на Уставот од 17 ноември 1991 година претставуваа враќање назад на многу процеси, кои беа започнати претходно со Уставот од 1974 година. Овие настани предизвикаа остри спротивставувања од албанскиот политички чинител, па затоа еден негов дел се искажа за распишување независен референдум на Албанците за нивна политичко-територијална автономија во Македонија.“