„Полека ја гледаме немоќта на ДУИ во македонската влада. Тие не можат да се изборат за отстранување на „20-те проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. Само застапеноста со Груби, Османи и некои други, кои некогаш беа млади момчиња од политичката школа на поранешниот шеф на разузнавањето Сашо Мијалков не ја покажува волјата на Албанците во Македонија.“ – вели д-р Селим Ибраими, политички аналитичар, во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА

Ибраими нагласува: Ахмети дури многу се промени од 2002 година и за време на неговата влада со Груевски. Сè уште му недостасува визија за промени и просперитет. Аргументите на Ахмети од ден на ден стануваат неубедливи за народот и за неговите поранешни сопартијци дека не можат да извршат притисок врз коалициските партнери. Можеби нивната беспомошност е вистинска, но рекламата им е голема.