Ибрахими: По локалните ново парламентарно мнозинство и нова Влада

„Постојат сериозни индикации дека по локалните избори Македонија ја очекуваат формирање ново парламентарно мнозинство и нова Влада.“ – изјави Зеќирја Ибрахими, член на Централното претседателство на албанската опозициска партија Алтернатива за весникот на албански јазик „Лајм“. Со ова тој ги демантираше гласините дека Алтернатива се вклучува во Владата на Зоран Заев. Ибрахими рече дека „овие спекулации ги пушта власта, поради големата загуба што ја доживува на овие локални избори“.

Запрашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДПА дека „Алтернатива“ се вклучува во Владата на Заев Зеќирја Ибрахими одговори: „Немам што да коментирам неважни работи, кои се кажуваат во текот на кампањата. Ова не и помага на власта во фаталната загува, што и се случува на овие избори. Коалицијата на ‘Алтернатива’ со Алијансата со Албанците функционира на најдобар начинн. Немаме ниеден проблем.“

На прашањето на „Лајм“ дали е сигурно дека ќе се формира новото парламентарно мнозинство, најавено од Мицковски, Ибрахими истакна: „Ништо не е сигурно на овој свет. Но, постојат сериозни индикации дека по завршувањето на вториот круг на локалните избори Македонија ја очекуваат ново парламентарно мнозинство и нова Влада.“