Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, зборувајќи за неговата политичка кариера, изјави дека очекува да остане на функцијата шеф на владата до 12 години или до 2034 година.
„Откако ќе завршам со политиката еден ден, веројатно ќе имам нов предизвик, после 12 години или колку ќе бидат, бидејќи јас се уште се чувствувам за млад и способен“, изјави Ковачевски додавајќи дека планира да го доврши мандатот како премиер, и да остане на функцијата уште два цели мандати.
Според прецизната математика од оваа изјава Ковачевски планира да владее 10,5 години или до летото 2032 година.
Слични изјави за победи на избори и долго владеење користеше и екс премиерот Заев кој мораше да се повлече по катастрофалниот пораз на локалните избори.
Според анкетите на ИПСОС Ковачевски и СДСМ би доживеале тежок пораз доколку денеска има избори.