За утре е најавен протест на вработените од Фондот за здравство доколку не се постигне договор за зголемување на платите и на овие луѓе, изјави вчера претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски, кој за денеска имаше закажано средба со директорите на Фондот за здравство, Ден Дончев и Рамадани Орхан.
„Две години бараме да се зголеми платата, една година бараме да се потпише колективниот договор, вработените се револтирани и ако до утре (06.11.2019) до 12 часот нема прифатливо решение и не се договориме да се зголемат платите, тогаш во четврток ќе има протест“, изјави Грујовски според кој шалтерите во ФЗОМ ќе бидат затворени.
Тој предупреди дека е можен и штрајк доколку и во наредните денови не се дојде до решение,.