И во Македонија моќни родители учат малолетни деца да користат оружје

По трагедијата во Белград каде дете кое било учено од своите родители да пука од пиштол се потенцира дека и во Македонија има несовесни родители кои обучуваат деца за ракување со огнено оружје.

На видеото што пред околу една година го објави Стојанче Ангелов, актуелен директор на ЦУК, се гледа како тој го учи своето малолетно дете на возраст од 10 години да пука од пиштол.

Првата детска амбасада Меѓаши остро реагираше на видеото на Ангелов кој тогаш најави дека нуди бесплатен тренинг за деца над 16 години ако сами си ги платат куршумите.

За среќа во Македонија се уште сме немале трагедија какви што се случуваат најчесто во САД и сега во Белград но време е власта и родителите да се замислат како се воспитуваат децата.