И Владо Јаневски нема да пее на прославата на „Рамковниот“

И пејачот Владо Јаневски го откажа настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.



Преку „Инстаграм“ пејачот порачува дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“.

Претходно Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, велејќи дека менаџментот прифатил ангажман за кој не знаеле дека има политичка конотација.

На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби.