Возач на камион од Турција, е втората жртва на несреќата во Пирот, кога синоќа воз излета од шини, а од една од вагон-цистерните протече амонијак, потврдија од полицијата за Телеграф.рс.

Жртвата е идентификувана како 55-годишен турски државјанин Т.П. кој под се уште неразјаснети околности починал, за што ќе биде наредена обдукција.

„Она што е познато е дека тој излегол од својот камион во чија близина било пронајдено и телото.
Се претпоставува дека почувствувал гас и дека излегол од возилото за да се спаси, но најверојатно се дезориентирал и паднал од надвозникот и починал.
Надлежното обвинителство нареди обдукција која ќе покаже дали починал од задушување или се здобил со повреди при падот“, велат за Телеграф.рс соговорници запознаени со случајот.

Вчера беше пронајдено тело и во возило кое излетало од патот недалеку од местото на несреќата, но се претпоставува дека мажот починал од срцев удар бидејќи веќе се знаело дека е хронично болен.
Сепак, не се исклучува можноста мажот да има срцев удар поради вознемиреноста предизвикана од хемискиот инцидент.
Инаку од педесетина лица кои побарале помоиш или итно биле пренесени во болница по истекувањето на амонијакот, 14 биле странки државјани…