Бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков внимателно се следи и во американскиот Стејт департмент, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

„Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу“, изјавил портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

На екс шефот на УБК кому му се заканува затвор во траење од 13 години Мијалков вчера му е определена мерка куќен притвор. Мијалков исчезна во пресрет на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата, за што му се заканува висока казна затвор.

Министерството за внатрешни работи првично објави национална потерница за Сашо Мијалков, но попладнево е променета во меѓународна, пренесува “360 степени”.