И стариот и новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) знаеле дека Онишченко е руски шпион.
И Виктор Димовски и Зарко Милошески кои ставиле свои потписи на финалната проценка на АНБ со која рускиот шпион Александар Онишченко биле предупредени дека тој не треба да добие македонски пасош но сепак владата по препорака на агенцијата му издала државјанство на човекот од американската црна листа.
Извори упатени во работата на АНБ тврдат дека најмалку еден човек од десетте нивоа на проверки во агенцијата кое го проверувало случајот Онишченко во писмен извештај предупредил дека рускиот агент има проблематичен профил.
Ова предупредување било во досието кое прво го проверувал новиот директор на АНБ Милошески кој бил одговорен за проверки а потоа и кај стариот директор Димовски кого владата сака да го прати за амбасадор во Париз.
Зошто и покрај тоа што Димовски и Милошевски знаеле за спорниот профил на Онишченко сепак му дале зелено светло за да владата да му издаде пасош никому не му е јасно.
Дали Димовски и Милошевски биле под притисок од повисоки политички инстанци или пак свесно поради лукративни причини се потпишале на позитивната проценка за човекот на руската тајна служба треба да оцени истрагата за која зборува премиерот Ковачевски.
Кој ја води наводната истрага во ситуација кога во АНБ свесно нема именуван шеф на секторот за внатрешна контрола засега нема информации.