Премиерот Ковачевски останува сам на ставот дека Гоце е голем но не и македонски револуционер откако по Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека Делчев е македонски великан.
,,Гоце Делчев – ликот и делото на македонскиот цивилизациски напредок 🇲🇰
Со длабока почит кон неговите лик и дело се поклонувам пред вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“, по повод 151 годишнина од неговото раѓање”, напиша Спасовски кој за разлика од Ковачевски не се уплаши да каже дека тој е македонски револуционер.
Гоце Делчев – ликот и делото на македонскиот цивилизациски напредок 🇲🇰
Со длабока почит кон неговите лик и дело се поклонувам пред вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“, по повод 151 годишнина од неговото раѓање. https://t.co/mmt2rOH1VY pic.twitter.com/TggbjcX1Fk
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) February 4, 2023
Поврзани вести
Пендаровски го ,,уништи” Ковачевски, тотална некоординација во државниот врв за Делчев
Срамно однесување на медиумите кои добија милост од СДСМ и ДУИ
Мехмети за владата и новинарската солидарност: Срамота, овде секој си го гледа газот