Според видеата, фотографијата и анализи на очевидци пред владата се случува еден од најголемите протести во историјата на Македонија.
Полициски извори кои се под контрола на министерот од СДСМ Оливер Спасовски велат дека на протестот има околу 50 илјади луѓе но објективната бројка ако се направи споредба со други протести и митинзи на партии е далеку поголема.
Дали пред владата вечерва се собрани 60, 70, 80, 90 или повеќе илјади луѓе е помалку важно, поважни е дека Владата добива сериозна порака од македонскиот народ.
Гледа ли власта што и се случува околу Илинденска во центарот на Скопје и Македонија
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Реки народ на антивладиниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред владата