Откако синоќа Ливерпул славеше над Рома со убедливи 5:2 на „Енфилд роуд“, се наѕира финале на премиерлигашот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, откако „кралевите“ вечерва го совладаа Баерн во Минхен со 2:1.

Џошуа Кимих го отвори резултатот во 28. минута, а пресвртот на „Алијанц арена“ го донесоа Марсело во 44. минута и Асенсио во 57. минута.

Резултатот не ги отсликува целосно настаните на теренот, бидејќи Баварците упатија 17 удари кон голот на Кејлор Навас, наспроти седумте на Шпанците (5:4) во рамките на голот, а домашниот тим имаше и поголем посед на топката (61:39 проценти).

Возвратната средба од полуфиналето е во вторник на „Сантјаго Бернабеу“, а ден подоцна е другиот реванш на „Олимпико“ во Рим.