Професорот Игор Јанев кој не го прифаќа Преспанскиот договор апелира дијаспората да не гласа за македонската претставничка на Евровизија.
Според Јанев, Тамара е поддржувач на договорот од Преспа и затоа не ги заслужува гласовите од Македонците низ цел свет.
“Апелирам до Македонската дијаспора да не гласа за Тамара Тодевска поддржувач на Преспанскиот договор и промена на името на Евросонг! Тамара Тодевска не треба да добие на Евросонг ниту еден глас од Македонците!”, порачува Јанев до македонската дијаспора.