Од почетокот на годинава веќе се распишани огласи за вработување на повеќе од 300 административци.

На огласите, распишани во последната недела од минатата година, пак, се бараа повеќе од 200 административци.

Огласи имало објавенодури и и во саботата, на 30 декември, пишува РСЕ.

Владата, како најголем „работодавец“ во два огласи бара 69 административци, потоа следува Дирекцијата за спасување, која преку два огласа бара 49 службеници, Министерството за образование вработува 40 службеници, Центарот за управување со кризи има оглас за 28.

Огласи за вработување има и во Агенцијата за вработување, во Државната изборна комисија (ДИК), во Регулаторната за енергетика (РКЕ) и во други агенции и дирекции. Платите се движат од околу 22 илјади, колку што е минималната до највисоката во РКЕ, каде платата е околу 56 илјади денари.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, во неколку наврати реагираа дека власта прави „предизборен поткуп“: „Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре“, реагираа од партијата.

Според властите, пак, ова не е предизборно вработување, туку реална потреба од нов кадар во јавната администрација.

Не било предизборно вработување што на 4 месеци пред гласањето се отворени купишта нови огласи за работа, а и дури сега се решава статусот на над 1000 вработени во здравствениот сектор,изјави премиерот Ковачевски на 29 декември, два дена пред Новата Година…